СДСМ: Економските мерки на Владата водат кон трансформација на економијата

Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поголема помош на граѓаните, компаниите, стопанството погодени од коронакризата, преку пакет економски мерки кои имаат за цел  зголемување на личната, но и јавната потрошувачка и ќе допринесат за побрза трансформација на економијата, пишува во соопштението од СДСМ.

„Во таа насока е и третиот пакет на економски мерки усвоен од Владата вреден 355 милиони евра, наменет за над 730 илјади корисници. Заедно со првите два пакета мерки, станува збор за вкупен влог од 550 милиони евра или 5,5 отсто од БДП.

Пакетот вклучува повеќе можности за граѓаните како  платежна картичка од 150 евра за македонски производи и услуги за околу 100.000 граѓани. Право на оваа картичка имаат сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и примателите на гаранатирана минимална помош, а со неа, во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги, но и да се плаќаат тековни сметки. Оваа картичка ќе можат да ја добијат и лицата кои имаат блокирани сметки.

Третиот сет на мерки, со 16 милиони евра, го поддржува и македонскиот туризам. Имено, сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи, ќе добијат ваучер за користење сместувачки капацитети во земјата од 100 евра и платежна картичка од 50 евра за купување на домашни производи и услуги.

Поддршка од 9 милиони евра за 100.000 млади, студенти и средношколци. Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Младите ќе добијат и платежна картичка, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Со 3 милиони евра, ги поддржуваме младите да стекнат нови знаења кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија. Оваа мерка ќе опфати од 7.000 до 10.000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини”, пишува во соопштението.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе