СДСМ: Еколошка такса за зелен развој, намалување на ДДВ за струјата за подобар животен стандард

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена кон заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани со континуирана имплементација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети. За таа цел, донесена е одлука за намалување на данокот на додадена вредност за електрична енергија од 18 на 5 отсто од 1 јули годинава, се вели во соопштението на СДСМ.

„Намалувањето на данокот на додадена вредност е со цел со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци. Како резултат на оваа одлука, граѓаните нема да го почувствуваат можното движење на цената на струјата и ќе се компензира евентуалното зголемување на трошоците кај струјата. Сепак, последниот збор за одредување на цената на електричната енергија го има Регулаторната комисија за енергетика. Институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и се грижат за подобрување на животниот стандард. Ветеното го остваруваме. Ја вративме евтината тарифа за струјата, додека електричната енергија во земјава е меѓу најевтините во регионот и во Европа“, соопшти СДСМ.

Партијата исто така смета дека со еколошката такса ќе обезбеди над 50 милиони евра годишно за инвестиции во зелен развој на државата и почиста животна средина.

„Владата предводна од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува силно посветена на инвестиции во еколошки, обновливи извори на енергија. Во таа насока, еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Преку нив се поттикнува употребата на поеколошки енергенси во секојдневието, а во исто време се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата. Зелената такса се воведува во време кога се укинуваат 3 денари дополнителна акциза која беше воведена кога цената на нафтата беше најниска. Важно е да се истакне и дека висината на еколошката такса се разликува од дериват до дериват и дека највисоката такса се планира за деривати кои најмногу ја загадуваат животната средина, како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и мазутот, за кои е предвидено таксата да изнесува 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата да биде 3,1 денар.

Проекциите говорат дека на овој начин во Буџетот на годишно нивно ќе се обезбедат меѓу 50 и 55 милиони евра, средства кои ќе се искористат за нови зелени проекти, инвестиции во обновливи извори на енергија, во енергетска ефикасност и слично. Борбата против загадувањето неизбежно резултира со финансиски последици. Не смее да се занемари фактот дека справувањето со последиците од загадениот амбиентален воздух врз здравјето на луѓето е значително поскапо.

Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ова е кризен данок. Овие такси ќе бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места, со што ќе се придонесе за економски раст и за почиста животна средина. На овој начин дополнително го унапредуваме енергетскиот сектор, затоа испраќаме апел до сите пратеници во Собранието да дадат поддршка за законските измени кои носат придобивки за државата, енергетиката, за животната средина и квалитетот на животот на сите граѓани“, соопшти СДСМ. 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе