СДСМ: Ефикасните мерки и политики привлекуваат мултимилионски инвестиции

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции. Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил, соопшти денеска СДСМ.

„Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.

Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија Некст.е.го мобиле е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, соопшти партијата.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе