СДСМ: Две нови стратешки инвестиции во енергетиката, сончева централа и ветерен парк

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката. На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар" дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен парк Вирови" дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

"Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас. Исто така, во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата. Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем.

Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух. СДСМ како одговорна партија продолжува да спроведува одговорни и државнички политики во делот на енергетиката“, соопшти СДСМ.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе