СДСМ: Две години влада на СДСМ, две години напредок

По две години од формирањето на Владата предводена од СДСМ очигледен е напредокот на државата во секој сегмент. Од заробена држава, денес Северна Македонија е светол пример за регионот, демократска, развиена држава во која човековите права и слободи се почитуваат и унапредуваат, институциите се во служба на граѓаните, економијата расте и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, соопшти СДСМ.

„Од држава во изолација, денес добивме свое столче во НАТО и сме пред добивање датум за почеток на преговри за членство во ЕУ. По најпозитивниот Извештај од Европската комисија и безусловната препорака, очекувано е многу наскоро нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ. Досега, 13 земји членки го ратификуваа Протколот за пристапување во НАТО. По ратификацијата во сите земји членки, Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата.

Овие успеси резултираа и со зголемена доверба во економијата. Во последните две години растат платите во сите сектори, порасна минималната плата, а растат и пензиите. Забележан е значителен раст на индустриското производство и извозот, а 2018 е година на рекордни странски инвестиции кои изнесуваа 624,5 милиони евра.

Во првите две години од мандатот покажавме како е да се работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните. Продолжуваме уште позасилено во реализација на мерките што обезедуваат поголем раст на економијата, напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе