СДСМ: Државата помага на сите погодени од кризата

Влегуваме во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот во нашата држава. Пред нас е периодот во кој се очекува пикот на ширење на вирусот, па потребна е уште поголема одговорност од сите нас, во насока на заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите, соопшти утринава СДСМ.

„Во таа насока се и засилените  мерки на Владата како забраната за движење на граѓаните од 16 до 5 часот следниот ден и целосна забрана за движење за време на викендите. Истовремено, додека се бориме со здравствените предизвици, се справуваме и со негативните економски последици од коронавирусот.

Државата обезбеди пакет економски мерки од 200 милиони евра, помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. За секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, плата од  14.500 денари плата“, се вели во соопштението.

Од партијата потсетуваат дека со цел полесно справување со кризата за граѓаните се обезбеди одложување на наплата на кредити, стопирање на извршителските дејности,но и кратење на непродуктивни трошоци, како и намалување на платите на избраните и именувани функционери.

Мерките и политиките на СДСМ, како што додаваат, во изминатите две ипол години беа насочени кон создавање на  систем кој работи за граѓаните. 

„Во духот на солидарноста, државата излегува во пресрет на сите погодени од кризата затоа што само заедно, солидарно и одговорно можеме да  победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици“, велат од СДСМ.

 

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе