СДСМ: Државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

Во пресрет на прогнозираната тешка зима, во услови на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, институциите предводени од СДСМ преземаат навремени и ефикасни политики против ударот на глобалната криза. Со мерките се одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните, соопшти СДСМ.

„Приоритет на државата е да го заштити стандардот на граѓаните и семејните буџети. Затоа домаќинствата за сметките за струја плаќаат околу 20 отсто, а над 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата.

Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Од почетокот на септември започнуваат задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто.

За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.

Истовремено се ограничени маржите, со што се спречи драстично зголемување на цените на храната, а со тоа и раст на инфлацијата.

Од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите.

Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита.

Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година.

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард и полесно справување на граѓаните и економијата со последиците од глобалната економска и енергетска криза“, соопшти партијата.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе