СДСМ: Досега помогнати 1.300 фирми со 17.000 вработени, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата предводена од СДСМ, во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, реагираше со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата и им помогна на 1.300 фирми со речиси 17.000 вработени, соопшти СДСМ.

„Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата.
Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.
Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица”, пишува во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека поддршката за стопанството не застанува о дека следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај и чија реализација ќе започне во следниот период.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе