СДСМ: Досега 30.000 компании аплицирале за поддршка, следува нов пакет за поддршка на економијата

СДСМ работи и развива нов пакет мерки кои треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија, соопшти партијата.

„Сега кога здравствената криза полека го губи интензитетот се фокусираме на развивање на економски мерки за дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија.

Преку мерки на краток, среден и долг рок, преземаме чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија.

Владата, предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места.

Досега вкупно, бројот на компании кои добиле некаков вид на помош и кои аплицирале за поддршка изнесува околу 30.000.

Во моментот, голем интерес има за помошта за плата од 14.500 денари по вработен, за која досега аплицирале над 23.359 компании, или околу 30% од активните субјекти. За оваа мерка се пријавиле 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните.

Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5,588 вработени.  За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени 2.400 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година.

Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.

Ослободување од плаќање на аконтациите на данок на добивка и данок на личен доход за март, април и мај 2020 година, искористија околу 1.300 компании, а поднесени се околу 1.800 апликации кои се обработуваат.

Со тоа ја остваруваме првичната проценка дека со овие мерки ќе се обезбеди помош за околу 30.000 претпријатија и спас на 250.000 работни места.

Не се изоставени ниту граѓаните кои се дел од неформалната економија. Со релаксирање на условите, од 3 април центрите за социјална работа примиле 970 нови барања за остварување на правото на гарантирана минимална помош и тие се решаваат тековно.

Владата предводена од СДСМ покажа дека е подготвена да одговори на предизвикот, граѓаните знаат дека во нас имаат партнер и дека сме тука за заедно за да ја премостиме кризата, се вели во соопштението на СДСМ.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе