СДСМ до Мицкоски: Време е да го исполниш ветувањето за оставка

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение го потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ветувањето дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите или ако не направи влада.

„Исправи се Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка ако ги загубиш изборите или ако не направиш влада. ВМРО-ДПМНЕ и најголемиот шпицен аутсајдер Мицкоски по изборниот пораз го достигнуваат врвот на сопствената дезориентација. 

Политичката катастрофа на Мицкоски се темелеше на тоа што тој немаше став за најкрупните политички прашања важни за државата. Но, од синоќа Мицкоски гази во нов негативен феномен, а тоа е заборавањето или газењето врз сопствениот збор. Среде телевизиско соочување во кампањата, самиот тврдеше дека е против техничка влада по Пржински модел, за вчера преку партиско соопштение да се противи на најавата за укинување на Пржинската влада. 

Очигледно е дека кај Мицкоски има нов проблем, освен што не знае политика, економија и енергетика, почнал и да заборава и да гази врз клучни работи кои самиот тој јавно ги кажал“, пишува во партиското соопштение.

Од СДСМ го прашуваат Мицкоски дали памети дека пред цела јавност вети оставка на функцијата во партијата доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада.

„Политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување, оставка“, додаваат од партијата.  

 

 

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе