СДСМ: Деструктивните обиди на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја оддалечуваше земјата од евро-атлантските интеграции, ја претвори во заробена држава, изолирана од меѓународната заедница, скарана со соседите, режимска држава на поделени граѓани, тепани студенти, контролирани медиуми, во која неколкумина од најбогата партија во Европа си ги полнеа џебовите. По демократските избори режимот беше поразен од граѓаните и конечно државата тргна напред, се вели во соопштението на СДСМ.

„Храброста, визијата и државничките политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доведоа до потпишување на договорот од Преспа, со кој се реши тридеценискиот спор за името со Грција, историско решение за отворање на иднината на нашата татковина. Сега Република Северна Македонија е 30-та членка на НАТО. ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство на Република Северна Македонија во унијата.

Само на Христијан  Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречеше што државата конечно тргна напред и стави крај на темното минато, на режимот и изолацијата. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го критикуваа Договорот од Преспа и  не го признаваа новото уставното име.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и  Христијан Мицкоски се покажа и на дело. Истото тоа име, не им пречеше кога нивни пратеници добиваа плати од Собрание на Република Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се закануваа дека ќе го поништат Договорот и со тоа директно ќе го загрозат членството во НАТО и процесот за зачленувањето  во ЕУ.

Со силна поддршка од граѓаните на исправните политики на СДСМ, деструктивните  обиди за блокирање и кочење на напредокот од страна на ВМРО-ДПМНЕ  не успеаја. Нема да им успеат ниту  обидите за враќање на државата назад во времињата на режим и изолации“, соопшти СДСМ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе