Партиско соопштение

СДСМ: Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ само бара избори на штета на граѓаните

Барањето ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за предвремени избори во време на енергетска криза е на штета на интересите на граѓаните и економијата. Целата политика на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се состои во тоа да ги блокира активностите на Владата во Собранието, да шири дезинформации и неосновано да бара предвремени избори.

Во време кога државата се соочува со енергетска криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да понудат решенија бараат предвременипарламентарни избори за дополнително да ги закочат процесите и економијата да стагнира, соопшти СДСМ и нагласува дека станува збор за неодговорно, нечесно и себично однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и економијата.

„Граѓаните се уморни од избори и тие како и стопанството очекуваат поддршка во справување со кризата, а не нов изборен процес каде со месеци секоја помош би била закочена. БМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни активности само ја одржува конфликтноста во земјава и создава неизвесност која негативно влије и врз процесот на нашето евроинтегрирање и врз довербата на странските инвеститори. ВМРО-ДПМНЕ има еден клучен проблем а тоа е недостаток на чувство за државност“, пишува во соопштението.

На крајот се нагласува дека предвремени парламентарни избори нема да има зашто Владата има полн легитимитет кој го црпи од резултатите од изборите во 2020 година.

„Редно е по повеќе од 15 години Владата и парламентарниот состав да заокружат полн мандат од четири години“, се вели во партисото соопштение.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе