СДСМ: Дебакл на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се против блокади

Дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека граѓаните се против блокади, а Мицкоски продолжува да работи на штета на државните интереси, пишува СДСМ во денешното соопштение.

„Очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл со вчерашните протести на кои имаше повеќе автомобили отколку луѓе. Граѓаните повторно испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади. Наместо во чувствителни моменти за државата да ѝ помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат.
Мицкоски нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.
Сѐ што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира“, велат од СДСМ.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе