Реакција

СДСМ: Данела Арсовска е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ знае оти нема кандидат за победа

Независната кандидатура на Даниела Арсовска, кадар на бегалецот Никола Груевски, е уште една потврда дека и во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека на претстојните локални избори ги чека уште еден пораз. Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ се определи за почесниот конзул на Унгарија и поранешен партиски донатор со цел таа да се жртвува во кампањата за градоначалник на Скопје, реагира СДСМ по одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи кандидатурата на Арсовска за градоначалник на Скопје.

„Арсовска е избрана само да го понесе поразот во Скопје. Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска ќе се обиде да глуми наводна независност, ама со потписите на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ. Како и да ги пакува партиските кандидати Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги прелаже со веќе видени трикови“, соопшти СДСМ. 

Партијата додава дека после 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ, не проаѓа глумењето кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани.

„Јасно е, Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе