СДСМ: Чулев е закана за здравјето, неговата неодговорност поттикна прекршување на мерките и забраните

Христијан Мицкоски, Наќе Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење, обвинува СДСМ.

„Целата јавност сведочеше на масовно непочитување на мерките и забраните додека полицијата на Чулев не преземаше ништо. Тоа придонесе прекршувањата на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот да станат побројни, што директно влијае врз зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус. За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот“, велат од СДСМ.

Оттаму повикуваат Чулев веднаш да си поднесе оставка, бидејќи, како што велат, неговата, а и неспособноста и неодговорноста на неговите кадри, е очигледна и штетна за јавното здравје.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе