СДСМ: Борбата против загадувањето е постојана

Борбата против загадувањето продолжува секојдневно како на централно, така и на локално ниво. Владата предводена од СДСМ, Град Скопје, општините, ресорното министерство и сите надлежни институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат почист воздух и здрав животна средина, соопшти утринава СДСМ.

„По масовните акции за зазеленување со кои само за една календарска година се подигна зелена површина од околу 130.000 квадратни метри, Град Скопје започна со реализација на проектот Зелен Катастар. Со зелениот катастар се добиваат прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и да се спречи целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, како и насоки за подобро планирање  на заштитата на постојното зеленило. Досега, попишани се над  65 илјади дрва“, се вели во соопштението.

Освен подигање на нови зелени површини, како што се додава, Град Скопје големо внимание ќе посвети и на заштитата на постојното зеленило. Во соработка со Шумарскиот факултет се работи на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности.

„Се работи и на искористување на изворите на обновлива енергија. Започнато е  поставување на фотоволтаични системи  за производство на струја од сончева енергија во две средни училишта и зградата на локална самоуправа на Кочани“, пишува СДСМ и додава дека со тоа ќе се намали потрошувачката на електричната енергија и ќе се зголеми искористеноста на обновливите извори на енергија.

 

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе