„Нивните обиди за театралност не можат да ја надоместат празнотијата во која е западната опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки, а бега од избори, затоа што има уплав од соочување со граѓаните. Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, сега бегаат од локални избори во Штип и згора на се бараат широка Влада. Без никаков легитимитет, без мандат од граѓаните, бараат да бидат дал од власта.
А во меѓувреме ја саботираат борбата на здравствените власти со ковид-19, ја саботираат дипломатската стратегија за преговори со ЕУ, ја саботираат економската стратегија за справување со последиците од пандемијата и постојано се на погрешната страна. Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија која ја злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси, за да го штити криминалот на своите функционери. Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.