СДСМ бара оставка од пратеникот Стевананџија-се заканува со бесилки и шири говор на омраза

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска побара оставка од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, кој според нив, шири говор на омраза и на социјалните мрежи се заканува со бесилки.

„Како што им станува јасно на ВМРО-ДПМНЕ дека не можат да ги одбранат криминалците, така сѐ повеќе расте нервозата во белиот дворец. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.

Стеванаџија бесрамно и скандалозно шири говор на омраза и заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои од имаат различни ставови од него. Таквото однесување на Димитар Стевананџија покажува дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и затоа тој мора веднаш да си поднесе оставка“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата повикуваат за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на нивниот пратеник Стевананџија.

СДСМ, како што се додава, осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став.

„Тоа е недозволиво во држава што негува демократски вредности, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом“, велат од СДСМ.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе