СДСМ бара одговорност од ВМРО-ДПМЕ и Левица

По синоќешните немири во кои беа повредени 47 полицајци мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и поттикнувачите на насилството, реагира преку соопштение утрово СДСМ во врска со синоќешните протести за отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето во ЕУ. СДСМ, заедно со институциите и граѓаните, нема да дозволи насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата, велат од партијата.

„Слични сцени се случуваа и на крвавиот четврток на 27 април 2017 и сите знаат што тоа значи, протестот е уставно загарантирано право, но насилството е кривично дело. Најостро го осудуваме синоќешното насилство на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица“, додаваат од СДСМ.

Партијата вели дека според МВР повредени се 47 полицајци и е нанесена штета врз објектите на Вчадата, Собранието и Министерството за внатрешни работи, а дека јавноста, како што се нагласува во соопштението, била сведок „како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насилно да влезат во Собранието“.

 

 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе