- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 99НОВИ / 24h
- 1 од 17
- следно ›
- Контакт
СДСМ: Автокефалноста на МПЦ–ОА е резултат на сите досегашни напори и процеси спроведени во државата

„Ова е радосен момент за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани како резултат на сите досегашни напори и процеси кои беа спроведени во државата.
Со прифаќањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите православни цркви полека се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност на што траен белег е МПЦ-ОА.
Благодарение на одлуката на вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од Српската православна црква се прекина повеќедецениската сестрана изолација и стаблизирањето на МПЦ-ОА како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.
Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци два и пол века сонуваа за она што денес го доживеа МПЦ-ОА и ние како народ, граѓани и држава“, соопшти СДСМ.
Соопштенија
Објавено на
25 Мај 2022 - 09:27