СДСМ: Арсовска не само што не воведе бесплатен превоз, туку нема ни автобус за Шуто Оризари

„Данела Арсовска ги заборави граѓаните, нема бесплатен превоз, а во Шуто Оризари пак, и воопшто нема превоз. Три месеци Градот Скопје предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, им нема платено на приватните автобуски превозници и затоа од денеска тие повеќе не сообраќаат на редовните линии. Нема ден а на површина да не излезе неспособноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска“, реагира СДСМ на веста дека приватните превозници во рамки на ЈСП веќе немаат пари да ги одржуваат автобуските линии кон Шуто Оризари. 

Со ваквиот прекин, сериозно е редуциран редовниот возен ред на јавниот превоз, но уште пострашно е што цели населени места од денеска се без јавен превоз, а општина Шуто оризари од денеска е отсечена од јавниот превоз затоа што линиите „19" и „20" во најголем дел се опслужувани од приватните превозници, се вели во реакцијата на СДСМ.

Партијата нагласува дека Арсовска пред изборите ветуваше бесплатен автобуски превоз, како и нови 250 еколошки автобуси, но и дека се откажа од 70 милиони евра за проектот „Бас рапид транзит".

„!Сега се гледа дека таа не успева да менаџира ниту со постојниот јавен превоз, толку од нејзините менаџерски способности со кои ги лажеше граѓаните. Јавното сообраќајно претпријатие е без директор, откако последниот директор поставен од Данела си замина од функцијата. Шест месеци мандат на Данела се шест месеци на неспособност, на прекинати претходно започнати проекти, на оставки на директори, на груба партизација на градската администрација. Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, и најголемо разочарување за скопјани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе