„Без срам и перде Арсовска за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, а сега Арсовска бега од предизвиците што ги носи енергетската криза. За се што е во интерес на граѓаните Арсовска се иззема и вели дека не е надлежна. Тоа нечесен и неодговорен однос кон градот и неговите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.
Партијата смета дека е очигледно дека Арсовска не е способна и не може да ги реши проблемите на скопјани па затоа, како што стои во соопштението, таа постојано бара оправдување за нејзината неспособност.