Партиско соопштение

СДСМ: Арсовска не ја интересираше проблемот на скопјани со парното греење

„Данела Арсовска целосно ги игнорираше маките на скопјани околу кризата со топловодна енергија и наместо да помогне преку Град Скопје, таа бараше оправдувања. Арсовска уште еднаш покажа дека за неа не се битни интересите на граѓаните дека ѝ се важни само личните и партиски интереси. За разлика од негрижата на Арсовска и на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ најде решение кое обезбедува топли радијатори за скопјани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Со прогласувањето кризна состојба се преземаат мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на стандардот на граѓаните, наведува СДСМ и додава дека според постигнатите договори компанијата ТЕ-ТО наместо до 21 часот ќе работи до 1 часот по полноќ и со тоа ќе се произведе потребната топлинска енергија.

„До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ. АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ преку посебна сметка и за истото ке доставува извештаи до Владата. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија. Со одговорен транспарентен пристап Владата предводена од СДСМ не дозволи над 50.000 домаќинствата во Скопје да останат без греење“, се вели во партиското соопштение.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе