Реакција

СДСМ: Апсурд е кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за правда од белиот дворец, симбол на криминалот

Апсурд е кога Јанушев и Мицкоски зборуваат за правда, седнати во криминалото здание бранејќи ги криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда од белиот дворец, криминалното здание кое е симбол на корупција, криминал и расипништво, реагира СДСМ на попладневната изјава на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема поголем апсурд од тоа за обвинители да зборува Игор Јанушев Дизајн, човек против кого се води истрага поради отворено сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ поврзана со сомнителна набавка на автобуси за ЈСП Скопје.

Дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата и затоа не сакаат нов Закон за јавно обвинителство, јасно е одамна. На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќниќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец.

Колку е ВМРО-ДПМНЕ за правда говори и фактот што Мицкоски со сиот ум за нов шеф на Јавното обвинителство го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот и кој креваше дивоградби во центарот на Скопје.

Рециклирањето на стари, нарачани и политички мотивирани процеси на „Сваровски“ судството  против Зоран Заев, кои добија судска разрешница, нема да го прикријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена ги кочат реформите, за да го заштитат криминалот.

Денес борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна и не познава никава припадност, а најмалку политичка.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители, а судството се контролираше од белиот дворец. Реформите ќе продолжат во интерес на правдата, граѓаните и државата, колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Барањето за предвремени избори ама догодина, е јасно признане дека ВМРО-ДПМНЕ знае дека ќе ги загуби“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе