Соопштение

СДСМ: Апасиев е лажен левичар, се бореше работниците да не земат плата

„Димитар Апасиев е лажен борец за работнички права, лажен борец за социјална правда. Левица, партијата која се декларира како левичарска и која наводно се бори за работниците, во Собранието правеше сè за да се загубат работни места и работниците да останат без плата“, реагира СДСМ преку соопштение.

Апасиев со плата од најмалку 60.000 денари, која ја добива од граѓаните, правеше сè за граѓаните погодени од коронакризата да не можат да земат барем минимална плата за месеците февруари и март. По којзнае кој пат Апасиев повторно го стави својот политички интерес и его, пред потребите на работниците. Апасиев докажа дека е лажен левичар. Тој е само човек „по потреба" во Собранието кој одработува за туѓи партиски и лични интереси“, реагира СДСМ на вчерашниот говор на лидерот на Левица Димитар Апасиев на собраниската седница на која на дневен реде беше пакетот економски мерки.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе