СДСМ: Аграрните политики на власта даваат резултати, расте откупот и извозот

Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати. Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година, соопшти СДСМ.

„Забележен е и раст на извозот на земјоделски прозиводи кој во првото тромесечие од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.

Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенци и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари. Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе