СДСМ: 70 милиони евра за рехабилитација на патна инфраструктура во 80 општини

СДСМ велат дека, како и досега, ќе продолжат да градат по план.

За две и пол СДСМ преку одговорен и домаќински пристап спроведе бројни проекти за унапредување на инфраструктурата, велат од партијата, додавајќи дека реализацијата на капиталните инвестиции достигна високи 86 отсто. Или по сектори: гасификација 94%, железница 82%, комунална инфраструктура 63% и социјални станови 100%

Реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, поттикнувајќи економски раст и директно решавање на најважните суштински и егзистенционални потреби и проблеми на граѓаните кои 11 години беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2020 продолжуваме по прав пат и реализација на капитални проекти, порачуваат од СДСМ. 

Еден од најзначајните проекти што влегува во имплементација оваа година е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри, велат од СДСМ. 

Проектот предвидува инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата, вклучувајќи ги и општините во Градот Скопје, што подразбира дека Министерството за транспорт и врски, односно Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини.

Ќе се имплементираат и дополнителни мали проекти кои овозможуваат подобрување на безбедноста, на мобилноста и превозот на пример: градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места. Понатаму изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, урбана опрема, автобуски стојалишта, подобрување на кривини и раскрсници, воведување школски автобуси, зависно од потребите на општините.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 70 милиони евра средства кои се обезбедени од Светска Банка, а секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање ќе има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиони евра.

СДСМ продолжува интензивно да работи во интерес на граѓаните. Се гради како никогаш досега и ќе продолжиме во таа насока. На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април, стои во соопштението од СДСМ. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе