СДСМ: 309.000 граѓани добија над 26 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, пишува во денешното соопштение од СДСМ.

„Само преку мерката ‘купувам домашно’, 26,8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ. Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош, над 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања, а над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Паралелно, преку мерката ‘Дома си е дома’ Владата додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки”, велат од СДСМ.

Оттаму најавуваат дека во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе