„Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 отсто. СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард“, велат од СДСМ.
Според партијата, пресвтницата ќе биде обезбедена со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа.
„Наредната 2023 година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница“, велат од СДСМ.