Реакција

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз новинари и медиуми, а денес е симбол на лажни вести

Притисоците врз медиумите и новинарите беа одлика на 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се апсеа и притвораа новинари, кога се затвораа медиуми и се газеа новинарските права и слободи, реагира СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, кога се враќаат медиумските и новинарски слободи, ВМРО-ДПМНЕ нема миминум кредибилитет да зборува за состојбата во медиумите. Лагите, дезинформациите и измислените случаи што се шират од белиот дворец речиси секојдневно се и институционално  демантирани од официјални, државни институции.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на лажни вести, дезинформации и невистини е во паника од тоа што општеството, граѓаните и институциите се организираат во борбата против дезинформациите. Граѓаните одамна ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како главен извор на лажни вести, затоа само на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи борбата против дезинформациите, лагите и измислиците кои се против интересите на демократијата, граѓаните и државата“,  пишува во соопштението од СДСМ.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе