Само бранителот на криминалот Мицкоски и прорускиот Апасиев се против ЕУ, реагира СДСМ

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија ќе ја поддржи иницијативата за референдум која Левица најави дека ќе ја поднесе во Собранието на Македонија со цел „народот да се изјасни во дуухот на протестите против францускиот предлог“.

Во реакцијата на СДСМ се вели:

„Единствените кои се против ЕУ, во фаза кога ги започнуваме преговорите и скринингот се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Криминалната антиевропска коалиција го бара спасот за својата политичка кариера само преку блокади и назадување, на државата. За среќа, со ваквите очајни потези само дополнително се бетонираат во опозиција каде ќе останат долго време.

Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и наша обврска како сериозна државотворна партија е на брза лента да се движиме напред.

Што поскоро разберат Мицкоски и Апасиев дека никој не ги поддржува нивните ретроградни политики, тоа подобро за нив и нивните политички кариери.

Северна Македонија веќе не запира, а проблемите кои сакаат да ги вратат на маса прорускиот Апасиев и бранителот на криминалот, Мицкоски, нема да се случат“, пишува во писмената реакција на СДСМ.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе