Компанијата информира

„Раде Кончар“: Не е наша одговорност што нема доволно регистерски таблички

Недостатокот од регистарски таблички за возилата во државата во никој случај не е поврзан со работењето на „Раде Кончар" – Контактори и релеи и целосно се оградуваме од оваа ситуација, велат од компанијата и додаваат дека во изминатиов период немаат нарачки за изработка, ниту пак  законска можност да испорачуваат регистарски таблички. Нагласуваат дека нивната компанијата единствениот произодител на таблички во земјава, но дека овојпат МВР избрала друг оператор, а дека „Раде Кончар“ своите права ќе ги бара согласно законските прописи.

„Раде Кончар – Контактори и релеи беше надлежен и одговорен за спроведување на договорот за изработка на регистарските таблички склучен со Министерството за внатрешни работи, до исцрпувањето на вредноста на рамката. Имајќи ја предвид сериозноста на состојбата, како единствен производител на овие таблички, благовремено го информиравме Министерството за внатрешни работи дека постои недостаток на регистарски таблички поради истек на договорот“, велат од „Раде Кончар“ – Контактори и релеи.

Потсетуваат дека на 29 септември 2020 година Министерството за внатрешни работи објави нов повик за јавна набавка на регистарски таблици за моторни возила и дека постапката заврши со поништување.

„Во повторената постапка Министерството дури во април донесе и одлука за избор на најповолен понудувач. Во оваа постапка, друг економски оператор е избран за најповолен понудувач, додека 'Раде Кончар' – Контактори и релеи е елиминиран, па нашите права ќе продолжиме да ги остваруваме преку надлежните институции и во рамки на позитивните прописи“, појаснуваат од компанијата.

Нагласуваат дека се единствена домашна компанија која инвестираше во комплетна технологија за производство на регистарски таблички од осамостојувањето, поточно од 1996 година.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе