Поради два последователни дена на опасна загаденост на воздухот

Прогласени мерки за заштита на населението во Тетово, Куманово и Кавадарци

Генералниот секретаријат на Владата соопшти дека согласно податоците за загаденоста на воздухот кои биле доставени пред вчерашната седница на Владата, за Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат во сила препораки и мерки според кои од работа треба да се ослободат бремени жени, лица со хронични болести, постарите од 60 години, да се намали сообраќајот и градежните активности, да се згрижат бездомниците...

Генералниот секретаријат на Владата соопшти дека согласно податоците за загаденоста на воздухот кои биле доставени пред вчерашната седница на Владата, за Тетово, Куманово и кавадарци стапуваат во сила препораки и мерки.

„Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 175 g/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), е надминат на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци", гласи информацијата што ја доставило Министерството за животна средина и просторно планирање..

Информацијата е доставена и до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот, соопшти Министерството за животна средина.

На локалните власти и работодавачите им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Понатаму се препорачува на сите правни субјекти (работодавачи да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
Се пропрачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.

Исто така Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвенот крст, здравствените домови и општините да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да пружат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

инистерството за здравство треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Општините се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе