Закана пред пристигнувањето на дер Лајен

Приведено лицето кое лажно пријави поставена бомба пред Владата

Во 10.32 часот претпладнево во полиција било пријавено дека е поставена бомба пред Владата и дека ќе експлодира кога ќе пристигне претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Полицијата веднаш реагирала по пријавата, утврдила дека се работи за лажна тревога и го открила лицето кое се јавило на телефон.

„Денеска во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијаеше на посетата на претседателката на ЕК, а активностите продолжуваат според планираната агенда“, велат од МВР.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе