Премиерката на Финска во посета на Македонија

Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе пристигне во Македонија. Како што соопштија од кабинетот на македонскиот премиер, Димитар Ковачевски ќе ги пречека Марин и делегацијата на финската влада на платото пред македонската Влада по што премиерите ќе имаат тет-а-тет разговори. 

По разговорите на Ковачевски и Марин ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

На крајот премиерите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Потоа претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе ја прими Марин.

Oд МВР утрово соопштија дека поради посетата на финската премиерка во Скопје ќе биде организиран посебен сообраќаен режим.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе