Со првиот дожд

Прекинати мерките за заштита од загадениот воздух во Тетово, Куманово и во Кавадарци

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека престануваат да важат мерките за алармирање во Тетово, Куманово и Кавадарци, кои беа воведени во саботата кога беше констатирано дека два дена по ред беше регистррана загаденост на воздухот над максимално дозволените вредности.

„Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11.2020, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175g/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање“, се вели во соопштението на Министерството.

Во саботата, со одлука на Владата, повеќе државни и општински органи беа задолжени за спроведување на мерки за заштита на населението во Тетово, Кавадарци и Куманово, каде во два последователни дена беа измерени опасни вредности на загаден воздух.

Меѓу другото, беше наложено да бидат згрижени бездомниците, на работа да не одат постарите од 60 години, како и бремените жени и лица со болести, а се побара од властите и редукција во сообраќајот и намалување на градежните активности и неизлегување на работа на отворено простор пред 11 часот.

 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе