Правила не се менуваат на „мускули“: Демократски сојуз бара да се повлечат измените на Изборниот законик

Демократскиот сојуз најавува дека на седницата на собраниската Комисија за политички систем ќе предложи суштински амандмани на предлог измените на Изборниот законик, но, како што велат од партијата, поради монополот што го имаат предлагачите на законот, во парламентот нема услови за коригирање на текстот, поради што бараме да се повлечат измените на Изборниот законик.

Демократскиот сојуз, како што стои во партиското соопштение, предлага процентот на потребни потписи од вкупниот број на запишани гласачи како услов за кандидирање независни листи на советници и градоначалници да биде 0,3 отсто, потоа целосно бришење на одредбите за отворени листи и прагот од 3 отсто за пласман во горниот дел на листата, платениот рекламен простор да се дели подеднакво на сите партии, а да се предвиди и време за независни листи и кандидати.

Партијата исто така предлага  да не се лимитира пристапот до социјалните мрежи и интернет порталите, и целосно да се исфрлат ограничувањата за платено политичко рекламирање.

„Во предлог измените на Изборниот законик има решенија кои ќе предизвикаат конфузија на претстојните локални избори, многу неважечки ливчиња, како и целосно некредибилен изборен процес. Демократскиот сојуз смета дека не се обезбедени услови за фер, демократски и слободни избори. Со измените се фаворизираат само четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците), предлагачи на законот“, се наведува во соопштението.

Поради сето тоа, Демократскиот сојуз смета дека нема услови за менување на изборните правила непосредно пред  изборите, се крши воспоставената пракса и ставот на ОБСЕ/ОДИХР изборните правила да не се менуваат 6 месеци пред одржување на изборите, не е обезбедена експертска и поширока јавна расправа, пленарната седница во Собранието е закажана 7 минути пред нејзиното одржување, комисиската расправа за поднесување амандмани е закажана за 15 до 30 минути, со што се спречи пратениците да можат да го разгледаат, а уште помалку да ги проучат предложените измени на законскиот текст, не се дозволи дополнително време за поднесување амандмани итн.

„Изборни правила не се менуваат на ‘мускули‘, со кршење на деловничките правила и преку ноќ“, порачуваат од Демократски сојуз и ги повикуваат сите политички партии да го поддржат овој став, а предлагачите да го повлечат законот од натамошна постапка.

Од партијата предлагаат по завршувањето на локалните избори да се донесе целосно нов закон, Македонија да биде една изборна единица, и сите сугестии на партиите, невладиниот сектор, експертите и на ОБСЕ/ОДИХР, да се вградат во новиот текст.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе