Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.

„Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава. Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.

Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои беа позитивни на ковид, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик и Законот за заштита на населението од заразни болести“, изјави Панова.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе