МВР за изминатото деноноќие

Полицискиот час ноќеска не го почитувале 43 лица, има и малолетни и над 67 години

Вкупно 43 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час кој во работни денови трае од 21 до 05 часот следниот ден, а за време на викендите од 16 до 05 часот. Од МВР соопштуваат дека од они кои не ја почитувале забраната 4 лица се на возраст до 18 години и 3 лица на возраст над 67 години.

„Приведени се 27 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување. На 91 лице се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација. При извршените контроли констатирано е дека едно лице не е затекнато во својот дом. Во државен карантин се спроведени 204 лица", се вели во соопштението на МВР.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе