Подрачните единици на МВР за лични документи работат од 8 до 16 часот

Работното време во организациските единици на Министерството за внатрешни работи и на подрачните единици на Одделот за граѓански работи од 24.04.2020 година, е организирано со почеток од 8:00 до 16:00 часот согласно Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа и телеграмата од министерот за внатрешни работи и дополнителниот заменик на министер.

Од МВР информираат дека од страна на Одделот за граѓански работи биле доставени насоки до сите подрачните единици под негова надлежност, сите граѓани кои имаат закажано во термините после работното време да бидат примени во било кое време, во истиот или наредните денови од закажаниот термин.

„Насоките доследно се спроведуваат од подрачните единици, за наведеното е известен и економскиот оператор надлежен за закажување на термини за поднесување на барања за лични документи“, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе