Од компликации од ковид-19

Почина ресенскиот радиолог Поликсена Стојановска-Ѓоргиевска

Од компликации од Ковид – 19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен. Вработените од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка, која ја изгуби битката со вирусот.

„Тешко е да се простиш од некого и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но е лесно кога треба да кажеш што сѐ тој човек значи за нас. Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска, нашата Поли – специјалист по радиодијагностика. Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа“, велат колегите.

За Стојановска – Ѓоргиевска велат дека била беспрекорна во лекарскиот позив и дека и во ова тешко време била на првата борбена линија и не вратила ниту еден пациент.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе