Жална вест

Почина професорот Лазар Лазаров

Денеска почина професорот д-р Лазар Лазаров, информира Институтот за национална историја.

Професорот Лазаров е роден на 2 февруари 1945 година во село Зрновци, Кочанско. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Кочани и дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја во Скопје (1966-1970). Извесно време бил професор во гимназијата „Г. Димитров” во Скопје, а потоа се вработил во Институтот за национална историја во Скопје, во Одделението за Народноослободителната војна и најновата историја (1971-2004).

Лазаров на темата „Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на Македонија (1944-1948)” (1975) и докторирал на „Општествено-економскиот развој на НР Македонија (1944-1957)” (1984). Подоцна преминал на работа во ФОН во Скопје (2004). Професорот Лазар Лазаров е автор на повеќе научни монографии и статии од областа на историската наука.

Во последниот период истражуваше во областа на меѓународната политика, дипломатијата и црковните односи меѓу земјите од регионот на Балканот. При своите научни истражувања, професорот Лазаров, меѓу другото, ги користеше и дипломатските архиви на Министерството за надворешни работи во Нант и Дирекцијата за документација и радиодифузија во Париз. Тој има објавено низа трудови што го илустрираат интересот и позитивниот пристап на француските дипломати во раните денови на Социјалистичка Република Македонија и кон нејзиниот народ.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе