Честитка од Претседателот до Поглаварот на МПЦ-ОА

Пендаровски: И без масовни собири ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Митрополит скопски, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Во честитката се вели:

- Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление - Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да нѝ биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
Бог се јави!

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе