Честитка по повод празникот

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и сите верници од православна вероисповед.

„Денот на патронот на Mакедонската православна црква има неизмерно духовно, културно и општествено значење. Чествувањето на Св. Климент Охридски како основоположник на Oхридската книжевна школа нема само национално значење. Неговото и делото на неговите учители, светите браќа Кирил и Методиј, ги надминува локалните и регионалните рамки и е од значење за севкупната европска култура. Затоа да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото на Св. Климент Охридски, водени од неговиот хуманизам, трудољубивост и чесност", нагласува Пендаровски во честитката.

Тој посакува верниците да го минат празникот во мир и радост, исполнети со љубов и грижа.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе