ПЕИ: И Торбешите во Уставот

Партијата за европска иднина (ПЕИ) бара во преамбулата на Уставот да се внесе и „торбешкиот народ“.  Тие бараат во нацрт амандманот за промена на преамбулата да Уставот на Македонија, да се внеси како уставна категорија, Торбеши односно  „Торбешки народ“.

Повикувајќи на се на Повелбата на Обединетите Нации, Општата декларација 38 правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, и ред други документи, од ПЕИ бараат да се исполни нивното барање.

„Тргнувајќи од дефиницијата за малцинство прифатена мегународните институции, торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, со сите права и обврски што произлегуваат од важечките релевантно правно политички акти вклучително и важечките акти во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, врз основа фактичката состојба поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самиот себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори не претрпела дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши, било да се третирани како такви одвнатре од самите нив или однадвор од другите околу нив. Торбешката популација, без оглед нарекувана во определен амбиенти, останала таква каква што е – Торбешка. Со досегашното невклучување на оваа популација во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија“, соопшти ПЕИ.

Неодамна и Египќаните го побараа истото. А откако власта се согласи да го исполни барањето на БУгарија, Бугарите да станат дел од македонскиот Устав, актуелизирано е и барањето за внесување во Уставот и од Црногорците и од Хрватите, и Египќаните. За да ги почне преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе