Во посета на Големото Војводство

Османи: Силна поддршка од Луксембург за ЕУ и сојузништвото во НАТО

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на Луксембург, по средбите со претседателот на Собранието, Фернанд Етген и претседателот на комисијата за надворешни работи во Собранието на Луксембург, Кручтен Ивес, како и по обраќањето во парламентот, оцени дека Македонија добила силна поддршка и било потврдено сојузништвото во НАТО.

На средбите била потврдена „конзистентната и силна поддршка“ на Луксембург во полза на европската перспектива, преку континуирана поддршка на реформските процеси, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

„Вложивме многу во овој процес, што нѐ прави, како земја, подготвени за преговорите по поглавја за целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Луксембург е еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ и ние високо ја цениме силната и гласна поддршка што доаѓа од кај вас, на сите нивоа ", вели Османи.

Соговорниците размениле мислења и за сојузништвото во НАТО, при што стана збор за актуелните домашни, регионални и меѓународни теми, како и за ангажманите и заложбите на нашата држава за обезбедување стабилност и сигурна иднина на нашиот регион. Во тој контекст, биле поздравени „впечатливите активности на Северна Македонија на планот на унапредувањето на добрососедските односи“.

Планирано е министерот Османи да оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни и европски работи и министер за имиграција и азил  Жан Аселборн.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе