Средба на шефовите на дипломатијата на Македонија и Црна Гора

Османи - Радуловиќ бараат форми на соработка за побрза европска интеграција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Подгорица имаше средба со својот црногорски домаќин, министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, на која, како што е наведено во соопштението, се реафирмирани традиционалните и пријателски односи меѓу двете земји, но е разговарано и за можностите да се изнајдат конкретни форми за збогатување на соработката, особено во реалниот сектор - економијата, размената и во туризмот.

„Секогаш е убаво да се биде меѓу пријатели, во посета на пријателска земја, а Северна Македонија и Црна Гора се добар пример за тоа. Денешната посета на Црна Гора ја сметам за важна, како за нашите билатерални односи, за кои исто така сметам дека се одлични, така и за целиот регион, кој сѐ уште е обременет со сериозни предизвици, особено за неговата европска иднина", истакнал Османи.

Покрај билатералните односи, на средбата биле отворени и темите за соработката во рамките на НАТО сојузништвото, како и заокружувањето на европската перспектива на двете земји .

„Процесот на проширување на ЕУ, или да се изразам попрецизно - заокружување или обединување на континентот во еден сојуз - нема алтернатива. Кога се работи за членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ не се поставува прашањето дали, туку како и кога!", кажал Османи.

Министерот Османи во Подгорица треба да биде примен од претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ и потпретседателот на Владата Дритан Абазовиќ.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе