Во рамки на Берлинскиот процес

Османи: Потребен е регионален концепт за интеграција на Ромите

Ромите се интегрален дел од нашите општества, без никакви изговори мора да превземеме конкретни политички и правни мерки за што поголема нивна вклученост во сите општествени збиднувања, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Минатата година, на иницијатива на Северна Македонија беше донесена Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување кон ЕУ. Ме прави особено горд фактот што една година подоцна, во рамките на нашето заедничко претседателство со Бугарија правиме пресек на постигнатите резултати од имплементацијата на оваа Декларација и ги дискутираме натамошните активности", рече во своето воедно обраќање министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во улога на копретседавач со Берлинскиот процес на министерскиот состанок посветен на интеграцијата на Ромите што во дигитална форма се одржa денеска во Тирана во дигитална форма.

"Ромите се интегрален дел од нашите општества, без никакви изговори мора да превземеме конкретни политички и правни мерки за што поголема нивна вклученост во сите општествени збиднувања. ЕУ интеграцијата е заеднички пат, и Ромите не смеат да бидат оставени настрана. Како земји аспиранти за членство во ЕУ мора да демонстрираме успешен регионален концепт за интеграцијата на Ромите со видлив напредок во областите на образование, вработување, здравство и домување кај Ромите", истакна Османи во своето обраќање.

Мнистерскиот состанок со воведни обраќања го поздравија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Заклучоците од овој состанок се планира да се вклучат во завршните документи на Самитот на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе