Преку видео - врска

Осамни побара поддршка за Македонија од португалското претседателство со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на негово барање, остварил видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ, на која покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Македонија.

Како што соопшти МНР, фокусот бил ставен на можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.

Министерот Османи, се посочува, ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската Унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе