Како што соопшти МНР, фокусот бил ставен на можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.
Министерот Османи, се посочува, ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската Унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.